Јаневска: Не гледам причина за протест ако на студентите им се нуди повеќе

Vecer | 28.11.2026

Јаневска: Не гледам причина за протест ако на студентите им се нуди повеќе
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Не гледам логика да се протестира за мерка со која на студентите им се нуди повеќе од она што го имаат во моментов, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска, коментирајќи ја најавата за студентски протест поврзан со студентскиот оброк.

Одговарајќи на новинарско прашање за време на натпреварот за бизнис-идеи на средношколци, Јаневска рече дека правото на протест е загарантирано, но оти не гледа основа за незадоволство во случајот со предложените измени.

-Правото на протест е загарантирано, но јас навистина не разбирам против што би протестирале. Државата им нуди повеќе од тоа што го имаат, а тие сакаат против тоа да протестираат. Не ја гледам логиката – истакна Јаневска.

Таа информира дека е формирана работна група која работи на решенијата поврзани со студентскиот оброк и оти процесот се одвива интензивно.

-Формирана е работната група, многу брзо се развива проектот. Заинтересирани сме брзо да се развие проектот. Во комуникација сум со релевантните студентски собранија и мислам дека немаме проблем и дека многу брзо ќе дојдеме до решението – нагласи министерката.

Јаневска додаде дека Министерството континуирано вложува во подобрување на студентскиот стандард преку инвестиции во студентските домови, научноистражувачката дејност и други мерки наменети за младите

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk