logo
logo
logo

ТЕТОВЕЦ ОСТАНАЛ БЕЗ КАМИОН И БЕЗ 11.000 ЕВРА - Договорената сума не била исплатена, возилото не е вратено

Vecer | 07.08.2026

ТЕТОВЕЦ ОСТАНАЛ БЕЗ КАМИОН И БЕЗ 11.000 ЕВРА - Договорената сума не била исплатена, возилото не е вратено

59-годишен жител од тетовско село пријавил измама при продажба на товарно моторно возило, откако останал без камионот и без договорените 11.000 евра. Според пријавеното во СВР Тетово, возилото било предадено на купувачот со договор плаќањето да се изврши етапно, но до моментот на пријавувањето сумата не била исплатена, а камионот не бил вратен.

Случајот бил пријавен во полиција, а договорената цена за товарното возило изнесувала 11.000 евра. Надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности околу договорот и неплатената сума.

Според информациите од МВР, пријавата била поднесена вчера, а пријавителот навел дека во април склучил договор со лицето С.Б. од скопско за продажба на товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки, кое било сопственост на правно лице од Скопје. Договорената цена изнесувала 11.000 евра, а плаќањето требало да се реализира етапно. Како што е пријавено, до денот на пријавувањето договорената сума не била исплатена, ниту пак возилото било вратено.

Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk