Последниве две години Израел бомбардира и уништува луѓе и имоти секаде наоколу. Цели на израелската војска беа во Сирија, Либан, Ирак, Иран и Палестина. Пртактично, чистеа територии и напаѓаа секаде каде што ќе имаа интерес, а сето време, како заштита, зад нив стоеше силната дипломатија и војска на САД.
За тоа време израелскиот премиер Бенјамин Нејтанјаху се соочува со судење за корупција пред судот во Израел кое постојано му се одлага поради “воените околности“.
На 21 ноември 2019 година, Нетанјаху беше официјално обвинет за кршење на довербата, примање мито и измама, што го наведе законски да се откаже од своите министерски портфолија освен од премиерската функција. Судењето на Нетанјаху во Окружниот суд во Ерусалим започна на 24 мај 2020 година, а сведочењето на сведоците започна на 5 април 2021 година.
Во тие околности Израел изврши етничко чистење и прогон на милион Палестинци во Газа и освојување на околу 20% од Либан.

На 21 ноември 2024 година, по истрагата за воени злосторства и злосторства против човештвото, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на двајца високи израелски функционери, Бенјамин Нетанјаху, премиерот на Израел, и Јоав Галант, поранешниот министер за одбрана на Израел, наведувајќи одговорност за военото злосторство изгладнување како метод на војување и злосторствата против човештвото како убиства, прогон и други нехумани дела за време на војната во Газа. Налогот против Нетанјаху е поддржан од повеќето водечки држави на ЕУ, додека САД бараат негово повлекување.
Се чини дека полека доаѓа крајот на тој “израелски воен занос“ за нови територии и демонстрација на брутална сила. Турција неколу месеци наназад го опоменува Нетанјаху дека неговите војни и влез во туѓи државни и етнички територии е загозување на регионот и, на крајот, загрозување на стартешките интереси на Турција.
Патем, турскиот претседател Ердоган го обвини израелскиот премеир дека го прави истото што Хитлер го правел во Втората светска војна, што светските медиуми го пренесоа како топ вест.

Високиот кривичен суд во Истанбул издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во врска со израелската интервенција против хуманитарната флотила „Сумуд“ што носеше помош за Газа, објавија турските медиуми.
Нетанјаху и другите осомничени се обвинети за кривични дела, вклучувајќи злосторства против човештвото и геноцид, како и други дела како што се предизвикување тешки телесни повреди, тортура, незаконско лишување од слобода, оштетување на имот и попречување на поморскиот сообраќај...
Во дипломатијата ваква одлука и правна квалификација за премеир на држава е равна на објава на војна. Следејќи ги сите јавни настапи на турската страна, секој нареден чекор е се поблиску и по директен до формалната објава на војна.

За прв пат една НАТО членка упатува опомена за војна и отвара правен процес за судење на израелски премиер. Војна во која на Израел не су се даваат многу шанси.
По судењето во Израел, налогот за судење од Меѓународниот кривичен суд на правдата овој налог и најава за судење од Турција е трет процес против израелснкиот премеир.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата