logo
logo
logo

ФИНАНСИСКА СТАБИЛНОСТ НА ДЕЛО - Ребаланс за развој и подобар живот

Vecer | 26.06.2026

ФИНАНСИСКА СТАБИЛНОСТ НА ДЕЛО - Ребаланс за развој и подобар живот

Ребалансот на Буџетот за 2026 година е насочен кон реализација на капитални инвестиции, исполнување на колективните договори и поддршка на развојните политики, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во поткастот „Каде се парите“. Таа нагласи дека Министерството за финансии води сметка за реалните потреби на граѓаните, а не само за сувите бројки.

„Капиталните инвестиции не се трошок, туку вложување во идниот развој и животниот стандард. Одлуката за зголемување на капиталните расходи е резултат на зголемената посветеност и ефикасност на министрите во реализацијата на проектите во последните неколку месеци“, рече таа.

Во делот на приходите, министерката потенцираше дека наплатата на даноците се движи одлично и согласно планот, со посебен раст кај ДДВ-то, што ги демантира тврдењата дека Буџетот се соочува со проблеми. На прашањето за јавниот долг, Димитриеска-Кочоска посочи дека меѓународните пазари имаат огромна доверба во македонската економија, што се докажа и со успешното издавање на еврообврзницата со историски најниска маргина досега.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk