logo
logo
logo

ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ДЕНЕСКА ВО ПОРТОКАЛОВА ФАЗА

Vecer | 06.09.2026

ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ДЕНЕСКА ВО ПОРТОКАЛОВА ФАЗА

Управата за хидрометеоролошки работи објави портокалов метеоаларм за денеска, 6 септември, за територијата на целата држава.

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk