logo
logo
logo

Мицкоски во Њујорк: ЕУ интеграција, безбедност и регионална соработка во фокус

Vecer | 24.09.2026

Мицкоски во Њујорк: ЕУ интеграција, безбедност и регионална соработка во фокус

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Њујорк, оствари повеќе билатерални средби со високи претставници, на кои беа разменети мислења за европската перспектива на земјата, регионалната соработка, безбедноста и актуелните глобални предизвици.

Премиерот Мицкоски во текот на вчерашниот ден оствари средба со претседателот на Република Финска, Александар Стуб, со кого разговараше за значењето на мирот, дијалогот и одговорното лидерство, како и за почитувањето на меѓународното право и зајакнувањето на мултилатералната соработка. А на средбата беше истакната и важноста од заеднички напори за градење стабилна и безбедна Европа.

Фокус на билатералната средба со премиерот на Република Косово Албин Курти беа унапредувањето на добрососедските односи, продлабочувањето на регионалната соработка, како и заедничките предизвици и можности за развој на двете држави.

Претседателот Мицкоски оствари билатерална средба и со премиерот на Република Хрватска Андреј Пленковиќ на којашто беа разменети мислења за европската перспектива на Македонија, продолжувањето на реформските процеси согласно европските стандарди, унапредувањето на добрососедските односи и зајакнувањето на регионалната соработка.

Премиерот Мицкоски исто така оствари средба и со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, на која беа разгледани актуелните регионални предизвици, можностите за понатамошно зајакнување на соработката и заедничките приоритети насочени кон стабилен и безбеден регион.

Средбите во Њујорк ја потврдуваат определбата на Македонија за активна и конструктивна улога во меѓународната заедница, зајакнување на партнерствата и продлабочување на соработката со европските и регионалните партнери.

Македонија останува посветена на реформите, европската интеграција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk