logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо префрлање вина и политички игри, СДС да се соочи со одговорноста за Гостивар

Vecer | 20.08.2026

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо префрлање вина и политички игри, СДС да се соочи со одговорноста за Гостивар

Еден месец СДС се обидува да избега од вистината, но фактите се јасни, заедно со Лимани ја делат локалната власт во Гостивар, а со тоа ја делат и одговорноста за состојбите во општината, стои во соопштението на владејачката партија, кое ви го пренесуваме во целост.

„Наместо да побараат одговорност од своите партнери во локалната власт и да ја признаат сопствената политичка одговорност, од СДС продолжуваат со обиди за префрлање на вината врз ВМРО-ДПМНЕ.

Додека СДС ширеше политички обвинувања, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од самиот почеток беше со граѓаните на Гостивар и презеде конкретни мерки за надминување на кризата.

На жителите им беше обезбедено бесплатно снабдување со вода, а надлежните институции постапија за да се надмине проблемот и да се заштитат граѓаните.

Институциите постапија, случајот се истражува, а водата повторно е безбедна за пиење.

Граѓаните заслужуваат институции кои решаваат проблеми, а не политички игри и префрлање одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на решавање на проблемите на граѓаните и ќе продолжи да дејствува секаде кај што е најпотребно во интерес на граѓаните.

А, СДС треба да престане да бега од одговорноста и да се соочи со фактот дека како дел од локалната власт во Гостивар ја дели одговорноста за состојбите во општината, вклучително и за проблемот со водата“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk