logo
logo
logo

НОВ КОНЦЕПТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ, Муцунски ги објасни очекувањата на Македонија

Vecer | 13.08.2026

НОВ КОНЦЕПТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ, Муцунски ги објасни очекувањата на Македонија

Динамиката околу реформата на процесот за проширување на Европската Унија се забрзува по серијата објавени нон-пејпери, меѓу кои најголемо внимание привлече оној на францускиот претседател и германскиот канцелар. Новиот концепт, кој се очекува да биде презентиран на Европскиот совет во октомври, има цел да ѝ даде нова димензија на политиката за проширување, бидејќи досегашната се смета за застарена.

– И затоа сега целта е да се создаде нов концепт, којшто се надеваме ќе биде попредвидлив. Точно е дека се совпаѓа со дебатата за повеќегодишниот буџет којшто ЕУ ќе треба да го донесе во следниот период – истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

За Македонија како земја кандидат е од клучно значење новиот модел да не послужи како замена за влезот во Унијата, туку да овозможи засилена соработка која ќе оди паралелно со главниот процес.

– Тоа што е значајно за нас, сигналите коишто ги добиваме е дека ова ново моделирање ќе биде во таа насока, дека ќе има одредени придобивки коишто ќе се даваат на земјите кандидати во процесот на преговори, коишто во моментот не се обезбедуваат, но сепак дека крајната цел ќе биде полноправно членство. Јас сакам тука само на крај да нагласам дека ние сепак не сме земја членка. Ние можеме да дадеме наше гледиште, наш импут, но не сме помеѓу оние коишто одлучуваат – порача Муцунски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk