Бугарите штедат, АМБАСАДОР НА СОФИЈА ВО МАКЕДОНИЈА СТАНА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ

Vecer | 14.06.2026

Бугарите штедат, АМБАСАДОР НА СОФИЈА ВО МАКЕДОНИЈА СТАНА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Го нема веќе скоро заборавениот бугарски пратеник и минситер Каракачанов со неговите остри напади и закани кон Македонија доколку не го прифати бугарското вето но, затоа, неговата улога ја продолжува Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Филипче и СДС не нудат решение за Македонија, туку нудат нови отстапки со кои овозможуваат нови уцени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче глуми адвокат на официјална Софија и ги стави туѓите интереси пред македонските. Венко Филипче е опседнат со внесување на Бугарите во Уставот, што покажува дека за СДСМ. Наместо да се борат за Македонија, во СДС се натпреваруваат кој побрзо ќе прифати нови условувања и отстапки.

На граѓаните одамна им е јасно дека внесувањето на Бугарите во Уставот не е крај на барањата, туку почеток на нова серија уцени. Токму затоа огромно мнозинство граѓани се против такви чекори под диктат и притисок однадвор.

Секој јавен настап на Филипче и СДС се потсетник зошто СДС ја изгуби довербата кај народот и зошто продолжува да тоне.

Во Македонија заврши времето на капитулации и политичари кои клечат пред туѓи барања.

Македонија има потреба од лидери кои стојат исправено, го бранат идентитетот, јазикот и државните интереси без калкулации и без пазарење.

Граѓаните ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ и даваат огромна поддршка на ВМРОДПМНЕ да се бори достоинствено на патот на интеграцијата на Македонија во ЕУ“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk