logo
logo
logo

УАПСЕНА ДИРЕКТОРКАТА НА ГОСТИВАРСКИОТ ВОДОВОД, АРТАНА АСАНИ

Vecer | 20.07.2026

УАПСЕНА ДИРЕКТОРКАТА НА ГОСТИВАРСКИОТ ВОДОВОД, АРТАНА АСАНИ

Уапсена е директорката на Јавното претријатие „Комуналец“ Гостивар, Артана Асани, по загадувањето на водата од градскиот водовод, поради што во градот е прогласена епидемија.

Полицајци денеска ја изнесоа со лисици на рацете од просториите на претпријатието.

Според првичните информации, со неа се уапсени и двајца нејзини соработници, техничкиот директор, Леон Нуредини и раководителот на водоводот, Вадедин Дервиши.

Се очекува сите наскоро да бидат однесени на распит пред Обвинителството.

Претходно градоначалникот ја суспендираше директорката Асани. На прес-конференција утрово рече дека тој лично не чувствувал одговорност.

Асани, откако стотици гостиварци добија стомачни тегоби и други симптоми, тврдеше дека зголемениот број на заболени лица во Гостивар не е поради загадената вода. Таа ги негираше информациите на надлежните институции кои ја забранија водата за пиење во Гостивар поради сомневање дека е загадена и е извор на епидемијата која се шири во градот.

Надлежните при вонреден надзор по добиени поплаки од граѓаните, утврија дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, без одобрение е поставена пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во водоснабдителниот систем на Гостивар.

МВР објави видео од апсењето на Асани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk