ЖДРЕБЕТО И КОБИЛАТА НА БЕЗБЕДНО, најавена итна постапка за случајот

Vecer | 05.10.2026

ЖДРЕБЕТО И КОБИЛАТА НА БЕЗБЕДНО, најавена итна постапка за случајот
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Раѓањето нов живот треба да биде убава вест. Но, кога тоа се случува на асфалт, во несоодветни услови и изложено на опасност, тоа е сериозен повик за одговорност, истакна градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

-Веднаш реагираа екипите на ЗОО – Скопје и стручните лица, иако тоа не е наша обврска. Благодарност со службите на ЗОО – Скопје што веднаш постапија и покажаа вистинска грижа со дела, но ова наше постапување не го решава системски проблемот! Не смееме да се навикнеме на сликите на напуштени и есклоатирани животни по скопските улици! Кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман. Но, со нивното згрижување не завршува обврската, рече градоначалникот.

Тој ги повика Агенцијата за храна и ветеринарство и МЗШВ итно да пристапат кон заедничка, координирана акција, секој во рамките на своите надлежности.

-Потребни се конкретни мерки, како заштита и соодветно згрижување на животните, одговорност за нивната експлоатација и злоупотреба. Иако не сме надлежни, Град Скопје го ставам на располагање со сите расположливи капацитети за да помогнеме во оваа акција. Очекувам итен одговор и конкретно постапување. Доколку тоа изостане, ќе ја преземеме иницијативата и ќе ги искористиме сите механизми во рамките на нашите надлежности. Нема да дозволам ова да остане само уште една вест што ќе се заборави до утре! Скопје мора да биде безбеден, уреден и хуман град. Метропола во која институциите постапуваат, а неодговорноста има последици, рече Ѓорѓиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk