Првиот човек на Алијансата за Албанците (AA), Арбен Таравари не ја исклучува можноста од враќање во извршната власт.
Во емисијата „Дебата не Шења“ и прашан дали може да се случи враќање на Алијансата за Албанците во Владата, Таравари изјави дека е „понижувачки да се влезе од каде што си заминал“, но не ја исклучува можноста тоа да се случи со нов договор.
– Само со нов договор во кој би имало барем гаранција за почеток на преговорите со ЕУ и уставни измени во тој случај може да се разговара, рече Таравари, додавајќи дека во спротивно нема што да се разговара.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата