logo
logo
logo

КРИТИЧНО КАЈ МАТЕЈЧЕ - Пожарот вон контрола, се бара помош од воздух

Vecer | 05.10.2026

КРИТИЧНО КАЈ МАТЕЈЧЕ - Пожарот вон контрола, се бара помош од воздух

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово утрово информира дека актуелните пожари на територијата на Општина Липково во селата Матејче и Стрима сè уште не се ставени под целосна контрола, поради што се бара помош од воздухоплови.

Во селото Матејче огнот се простира долж патот кон манастирот, каде екипите на „Национални шуми“ се повлекоа откако поради непристапноста на теренот не успеаја да го локализираат пожарот.

Во Стрима опасноста за куќите била неутрализирана од мештаните, но огнот продолжува да гори во повисоките планински делови на локалитетот „Црвен Камен“.

За состојбата се информирани надлежните институции, вклучувајќи ги ТППЕ Куманово, ДЗС и Општина Липково.

Дополнително, борбата со огнената стихија продолжува и на депонијата Краста каде ќе интервенираат кумановските пожарникари.

Изминатите денови се регистрирани и бројни други интервенции на сува трева, стрништа и отворен простор низ Куманово, Старо Нагоричане, Враготурце, Ваксинце и Љубодраг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk