logo
logo
logo

ЧЕБРЕН Е НАШАТА ПРЕДНОСТ ВО НОВАТА ЕРА, порача премиерот Мицкоски

Vecer | 25.06.2026

ЧЕБРЕН Е НАШАТА ПРЕДНОСТ ВО НОВАТА ЕРА, порача премиерот Мицкоски

Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туристички. Ова го подвлече денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратенички прашања. 

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, тој истакна дека со проектот Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, односно дека проектот стратешки може да ја зајакне позицијата на државата која за жал не излегува на море и тој ќе биде таа предност која ја имаме, имајќи ги предвид климатските промени, потребата за вода, но и туризмот и производството на електрична енергија.

- Јас сум убеден дека овој проект Чебрен и Галиште има стратешко значење, не само заради производство на електрична енергија, туку и за други намени. Да споменам дека во април месец оваа година, за прв пат после не знам колку време, производството на електрична енергија покрива 88,8% од вкупниот конзум кај нас, значи ние се приближуваме веќе до целосно да можеме да го покриваме она кое што го трошиме од аспект на електрична енергија, а рековме цел на оваа влада е во мандатот да имаме година кога ќе бидеме нето извозник, на крај на годината кога ќе се сумираат билансите, тоа што сме го произвеле и тоа што сме го консумирале и тоа што сме го извезле да биде споредливо, односно да извезуваме електрична енергија, тоа беше целта како влада и ценам дека тоа го правиме - посочи Мицкоски на прашање од пратеничката Благица Ласовска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk