БОЖИКНА МАГИЈА Скопската ЗОО со нов жител (видео)

Vecer | 08.01.2026

БОЖИКНА МАГИЈА Скопската ЗОО со нов жител (видео)
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Празничното утро во скопската Зоолошка градина годинава осамна со најубавата можна вест – нов живот. Токму на Божик, ЗОО доби нов жител: мало јагне, родено во духот на празничната радост, кое за кусо време стана миленик и на вработените и на посетителите.

Од Зоолошката градина велат дека јагнето е во одлична здравствена состојба, разиграно и љубопитно, а мајката будно и грижливо е покрај него. Овој природен и тивок празничен момент, како што посочуваат од ЗОО, носи посебна симболика – нов почеток, топлина и живот, токму во деновите кога се слават семејството и заедништвото.

Ваквите раѓања, особено за време на празниците, секогаш внесуваат дополнителна магија во Зоолошката градина. Тие се потсетник на убавината на природата и на радоста што ја носи секој нов живот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk