Арбен Таравари како лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, тукушто донесе одлука да ја урне целата заложба за промени и реформи во албанското гласачко тело со одлуката да бидат доживотно заробени во криминалот и корупцијата на ДУИ и СДСМ.
Одличен лекар, лош политичар, и одличен профитер.
На вечерашниот состанок што го одржа Централното претседателство на Алијансата за Албанците (АА), предводена од Арбен Таравари, во партиското седиште во Тетово, беше донесена одлука партијата да настапи со посебни листи на претстојните локални избори.
Според одлуката, АА ќе ги дефинира своите позиции независно од коалицијата „Вреди“, со фокус на самостојна политичка понуда кон граѓаните.
Кандидатите за градоначалници допрва ќе се утврдуваат, а изборот, како што велат од партијата, ќе се темели на квалитетот, капацитетот и довербата што ја уживаат потенцијалните кандидати во локалните средини.
“Ќе ги процениме анкетите за градоначалници. Денеска како Алијанса за Албанците дефинитивно одлучивме во сите општини да излеземе со сопствена листа на кандидати за советници. Од почетокот на мај почнуваме на терен да ги формираме своите штабови”, изјави Арбен Таравари вечерва
“Не излегуваме од коалицијата Вреди, излегуваме со наши листи за советници. За кандидатите за градоначалници не е дефинитивно. Не може 4-5 луѓе од Влен да одлучуваат за кандидати за градоначалници без сондажи и анкети на јавното мислење.”, рече Таравари.
Тој рече дека остануваат дел од Влен “освен ако тие не нѐ исклучат, тогаш и ние ќе постапиме соодветно.”
“Оваа куќа е голема и отворена. Добредојдени се сите.”
КАКО ТАРАВАРИ СИ КУПИЛ КУЌА ВО ТАФТАЛИЏЕ „ЗА ЕВТИНИ ПАРИ“? Антикорупциска реши да отвори случај
Лидерот на „Алијанса“ куќата по багателна цена ја купил од пратеник на ДУИ
Таравари беше дел од претходната власт н СДСМ и ДУИ.
- Одиме сами на избори, рече доскорешниот градоначалник на Гостивар, град заробен во 19 век.
Рече и не порече дека е дел од власт која менува ставови заради профит
„Десинхронизирани сме“ – Таравари со критики кон ВРЕДИ! ДУИ едвај чека
Таравари: Брутално ги победивме ДУИ и СДСМ
Пред да влезе во владата на ДУИ и СДСМ, лажеше
Па потоа беше кабает
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата