Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев беше одликуван од претседателот на Украина, Володомир Зеленски со Орден за заслуги, трет (3) степен по прославата на вчерашниот Ден на независноста на земјата.
Украинскиот претседател ги доделува овие награди за значаен личен придонес во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, добротворните активности и популаризацијата на украинската држава во светот.

Од регионот, само хрватскиот премиер, Пленковиќ и хрватскиот МНР, Радман добија повисоки одликувања од Зеленски.
Пленковиќ беше награден со Орден на принцот Јарослав Мудриот од прв степен, додека Грлиќ Радман доби Орден за заслуги од втор степен, за нивниот придонес во поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина.
По повод Денот на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски објави список со приближно двесте странски функционери и јавни личности, на кои им додели државни одликувања во различни категории.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата