logo
logo
logo

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ ЈА ВОДЕЛЕ ДРЖАВАТА КАКО МАФИЈАШИ, јавното обвинителство веднаш да постапи по наводите на д-р Жан Митрев

Vecer | 20.01.2026

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ ЈА ВОДЕЛЕ ДРЖАВАТА КАКО МАФИЈАШИ, јавното обвинителство веднаш да постапи по наводите на д-р Жан Митрев

Сведоштвата на д-р Жан Митрев ја разоткрија вистината за начинот на кој Зоран Заев и Венко Филипче ја водеа државата, со притисоци, уцени и злоупотреба на институциите за лични интереси, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

– Во ек на пандемија и вонредна состојба, наместо грижа за здравјето на граѓаните, Филипче и Заев ја користеле политичката моќ за преземање на приватната болница „Жан Митрев“. Ова не е политика наменета за граѓаните, туку е мафијашки модел на дејствување. Дополнително, според јавно изнесените сведоштва, Заев и Филипче сакале сами да ја одредат вредноста на болницата. За возврат нуделе „помош“ во судската постапка на докторот Жан Митрев. Класична уцена и класична злоупотреба на власта – рече Петрушевски.

Овие обвинувања не доаѓаат изолирано, додаде тој.

– Тие се надоврзуваат на долгата низа сомнежи и афери поврзани со Заев и Филипче, златни визи, имот и бизниси во Дубаи, фирми во странство и сомнителни финансиски трансакции. Филипче денес се обидува да се претстави како ново лице, но ја седи фотелјата на Заев и ги спроведува истите политики. Истите луѓе, истите шеми, истата злоупотреба – вели Петрушевки.

Прашањето е едноставно, а Филипче треба да го одговори, додаде тој.

– Дали човек со ваков багаж на сомнежи и скандали може да има кредибилитет да води партија Наместо повлекување и одговорност, гледаме ароганција и молк. Затоа правдата мора да зборува. Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да постапи и да ги истражи сите наводи. Законот мора да важи за сите – рече Петрушевки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk