Косилка за трева користел за да влезе во туѓ двор и покрај судската забрана, а притоа му се заканувал на сопственикот. Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен жител на Виница.
Инцидентот се случил на 30 септември 2026 година, кога К.К. со косилка навлегол во дворот на жител на виничко село, иако со судско решение му било забрането да презема активности во туѓиот двор. При тоа, тој упатувал и закани кон сопственикот.
Против него е поднесена пријава за загрозување на сигурноста и неизвршување судска одлука.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата