„Очи в очи со народот“

ВМРО-ДПМНЕ МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ - Интензивна теренска активност

Vecer | 23.11.2026

ВМРО-ДПМНЕ МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ - Интензивна теренска активност
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

ВМРО-ДПМНЕ почнува активности на терен, односно оди во сите населени места да се сретне со граѓаните, информираат преку соопштение денеска од владејачката партија.

До крајот на годината претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат интензивни посети на општинските комитети на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија смета дека само на директни средби може да се слушне реалната ситуација или постојат работи што не можат да се разберат од извештаи, статистики и состаноци зад затворени врати.

На средбите ќе се разговара за реализираното, дали е испочитуван рокот бидејќи само така може да следат резултати. А тоа е начин и за подобро функционирање на надлежните и поголемо задоволство кај граѓаните.

Целта е едноставна, да се разговара и да се слушне од граѓаните за она што функционира и за она што не функционира.

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која смета дека напредокот мора да се види во реалноста, бидејќи нема доверба без почит, нема подобро без работа што може да се измери.

И ВМРО-ДПМНЕ нема да сопре тука, на пролет продолжува со трибини меѓу граѓаните од село во село, од град во град, сè со една цел подобра иднина за секој еден граѓанин, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk