Паниката во СДС расте, а конфузното соопштение на СДС е доказ за политичката паника, за хаосот во партијата која Филипче ја сведе маргините. Во едно соопштение на СДС, мешаат Илинден, француски предлог, наводни заговори, тепачки, измислени обвинувања итн. Сто теми, сто лаги и целосен хаос во СДС. Дното во СДС нема крај, СДС е партија без визија, без план и без стратегија за државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Дали раководството на СДС и Филипче воопшто знаат каде ја водат партијата? Има ли компас во СДС? СДС да престане со лагите и конструкциите поради стравот и дебаклот во сопствената партија. Политичкиот талог, создаден со години корупција, криминал, клиентелизам и погубни политики, денес е најгласен и се обидува да се претстави како морален авторитет. Граѓаните добро паметат кој ја задолжуваше државата, кој ја понижуваше и кој ја доведе до најниско ниво на доверба. Затоа СДС е на маргините на политичкиот спектар, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија велат дека истите тие предавници што тајно преговараа и носеа одлуки на штета на Македонија, денес држат лекции за патриотизам и транспарентност.
-Граѓаните добро знаат кој ветуваше европска иднина, а остави разочарување, поделби и лаги. За крај, обидот на СДС за поврзување со било какви насилни инциденти е срамен и неодговорен. Ако СДС има докази, нека ги достави до надлежните институции. Во спротивно, станува збор за груба манипулација и политичка злоупотреба на јавноста. СДС и Филипче немаат ниту идеи, ниту стратегија, ниту пак кредибилитет, се заклучува во реакцијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата