НАД 9 МИЛИОНИ ЕВРА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ПОБРЗ РАЗВОЈ НА ПРИЛЕП

Vecer | 21.08.2026

НАД 9 МИЛИОНИ ЕВРА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ПОБРЗ РАЗВОЈ НА ПРИЛЕП
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Преку разни програми од Министерството за транспорт инвестираме над 9,5 милиони евра во Прилеп, во нови улици, канализациони и водоводни системи и урбан развој, соопшти вицепремиерот Александар Николоски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски денеска е во Прилеп.

- Во првиот и вториот повик во Прилеп се инвестирани над 7.5 милиони евра, околу милион и пол евра се инвестираат преку Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор во изградба на зграда со социјални станови, којашто до крајот на годината треба да е завршена и до пролет да бидат тие станови поделени и вселени. Дополнително имаме програма заедно со Светска банка од околу 350 илјади евра за инвестиции во Прилеп.

Паралелно со инвестициите во општината, забрзано се работи на изградба на автопатот Прилеп - Битола. Во текот на летово имаме добри бројки и добра динамика, веќе на почетокот на 2027 година ги очекувам првите километри комплетно завршен автопат во две насоки 3+3 ленти, со комплетно изградени помошни патишта, објави Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk