Поранешниот бугарски евро-пратеник, докажан бугарски националист познат по своите антимакедонски ставови, на социјалните мрежи сподели „апел“, по враќањето на коските на македонскиот Цар Самоил, во Бугарија да се вретеле и посмртните останки на Гоце Делчев, кои почиваат во Црквата свети спас во Скопје.
„По цар Самоил, сега е ред на Гоце Делчев да се врати во Софија – во Македонскиот дом, каде што почиваше сè до 8 октомври 1946 година, кога урната со неговите посмртни останки им беше предадена на Југославија од страна на национални предавници“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата