logo
logo
logo

НЕЛЕГАЛНИ СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА АКЦИЈАТА на МВР

Vecer | 22.09.2026

НЕЛЕГАЛНИ СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА АКЦИЈАТА на МВР

Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва во гостувањето во Топ тема на ТВ Телма откри дека суплементи за потенција се во центарот на акцијата која започна изутрината против криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и медицински суплементи. Најмалку 6 лица се приведени во акцијата, а се вршеле претреси во Скопје, Тетово и Гевгелија на десетина локации.

– Во прашање не се лекови, туку додатоци и надрилекарства. Случајот е поврзан со претходна акција, која не е поврзана со ботокс, а сите заедно се поврзани со сузбивање на шверцот и нелегалната трговија на лекови и суплементи и други средства кои предолго време претпоставувам биле толерирани, а може да доведе до големи нескани последици – изјави Клековски.

Министерот нагласи дека не станува збор за суплементи кои може да предизвикаат само финанскиски последици, туку и здравствени, бидејќи станува збор за нелегални суплементи.

– Во основа се додатоци кои имаат тревки во различни комбинации кои се продаваат со различни својства, како поддршка на машкоста, подобрување на работа на еден, друг, трет орган кои не се регистрирани во земјава за таква намена и се комплетно надвор од законот – додаде Клековски.

Најмалку шест лица се приведени во големата акција која започна изутрината против криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и медицински суплементи, објави претходно Телма.

Претходно од МВР за МИА потврдија дека полициска акција насочена кон сузбивање на криминална група инволвирана во криумчарење стоки и извршување на коруптивни кривични дела, се спроведува денеска од утринските часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во акцијата постапува Одделот за сузбивање на организиран криминал при МВР.

Дел од медиумите објавија дека акцијата се спроведува на повеќе локации во Скопје, Тетово и Гевгелија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk