logo
logo
logo

Голем проблем се и офф-роуд моторџиите и квадрилите

БРАВО ЗА МВР: ОФФ-РОУД БАЈКЕРОТ по пешачка патека на Водно го викнале во полиција, му дале писмена опомена

Vecer | 13.05.2026

БРАВО ЗА МВР: ОФФ-РОУД БАЈКЕРОТ по пешачка патека на Водно го викнале во полиција, му дале писмена опомена

Тинејџерот кој неодамна објави видео на кое се гледа како се спушта по пешачка патека на Водно, а таму го запира рекреативен планинар кој се качува со двете деца, бил повикан во полициска станица заедно со татко му, при што им издале писмено предупредување, објави „Скопје1“.

„Во врска со пријавата за управување велосипед по патеките на Водно каде пешачат поголем број на граѓани, Ве известуваме дека од страна на полициски службеници од Полициска станица Карпош повикан е малолетникот што го управувал велосипедот заедно со неговиот родител при што истиот е писмено предупреден“, велат од МВР за порталот.

Инцидентот предизвика многу коментари и препукувања на социјалните мрежи, откако младиот велосипедист самиот го објави, со наслов „VODNO KATASTROFA (POLICIJA BESE VIKNATA)“ видеото од конфликтот што го предизвика спуштајќи се на патека на која е опасно, и оттаму забрането, да се вози велосипед.

Освен офф-роуд бајкерите, голем проблем прават и офф-роуд моторџиите за кои исто така беше објавено видео на социјалните мрежи.

За квадрилите - да не правиме муабет, тие се опасни и за себе и за сите кои рекреативно планинарат на Водно. Ги има и на аслафтираниот пат, но и на земјените патишта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk