logo
logo
logo

МРТВО ЖЕНСКО ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО ВО АВТОМОБИЛ - Телото итно на обдукција

Vecer | 28.09.2026

МРТВО ЖЕНСКО ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО ВО АВТОМОБИЛ - Телото итно на обдукција

Скопјанка синоќа била пронајдена почината во возило на автопатот Гевгелија - Велес, телото било дадено на обдукција, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Во 19:40 часот во СВР - Велес е пријавено дека на автопат Гевгелија - Велес, во патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, пронајдена била почината М.Д., на возраст од 56 години од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР - Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција - појаснија од СВР - Велес. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk