logo
logo
logo

АКЦИЈА НА МВР И АНБ: АПСЕЊА ПОВРЗАНИ СО ИСИС, пронајдени автоматско оружје и симболи на ИСИС, одземени компјутери

Vecer | 28.09.2026

АКЦИЈА НА МВР И АНБ: АПСЕЊА ПОВРЗАНИ СО ИСИС, пронајдени автоматско оружје и симболи на ИСИС, одземени компјутери

Автоматско оружје, муниција, ножеви и тактички елек се само дел од предметите пронајдени во утринската полициска акција која сè уште е во тек.

Според неофицијалните информации, Министерството за внатрешни работи постапува по претходно добиени оперативни сознанија од Агенцијата за национална безбедност.

Акцијата следувала по сознанија дека на територијата на Македонија дејствува група, по што биле преземени активности и претреси. При нив, покрај оружјето и другата опрема, биле пронајдени и симболи на ИСИС.

Засега нема официјална информација за природата на групата, ниту за евентуалната поврзаност на лицата со ИСИС. Тоа треба да биде предмет на понатамошната истрага.

Во рамки на акцијата се одземаат и електронски уреди, меѓу кои мобилни телефони и лаптопи. Тие треба да бидат предмет на дополнителни проверки со цел да се утврди каква комуникација остварувале лицата, со кого комуницирале и дали во случајот има и други инволвирани.

Локациите на кои од утрово се вршат претресите засега не се откриваат.

Aкцијата сè уште трае, поради што во овој момент не е познат ниту конечниот број на приведени или уапсени лица.

Повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност, како и од надлежното обвинителство, до кое треба да биде доставена кривична пријава за случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk