logo
logo
logo

ЧАИРЧАНИ ВО ШОК - Малолетник со тешки повреди заврши на Ургентен

Vecer | 28.09.2026

ЧАИРЧАНИ ВО ШОК - Малолетник со тешки повреди заврши на Ургентен

Автомобил е одземен, а против 25-годишен скопјанец ќе биде поднесена соодветна пријава по настан што вчера го привлекол вниманието на полицијата во Чаир.

Случајот се случил околу 16:00 часот на улицата „Славеј Планина“, каде дошло до сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (25), и малолетен пешак од Скопје.

Во незгодата тешко бил повреден малолетниот пешак. Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

За случајот бил известен јавен обвинител, а по негови насоки возилото било одземено поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“, согласно член 297-а.

Од МВР велат дека по целосното документирање на случајот против возачот Б.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk