(Видео) ОГНОМЕТ И ФАКЕЛИ ЗА АРТАН ГРУБИ - Излезе од куќен притвор

Vecer | 14.10.2026

(Видео) ОГНОМЕТ И ФАКЕЛИ ЗА АРТАН ГРУБИ - Излезе од куќен притвор
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Десетици граѓани и поддржувачи синоќа се собраа во Скопје за да го пречекаат поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој излезе од куќниот притвор определен во рамките на судската постапка за случајот „Државна лотарија“.

Груби пристигна во придружба на пријатели и соработници, а неговото појавување беше проследено со огномет, запалени факели и чадни бомби. Атмосферата потсетуваше на прослава каква што вообичаено се организира за спортски успеси или други свечени настани.

Собирот беше организиран веднаш по неговото ослободување од мерката куќен притвор, која му престана по сила на закон, по истекот на максимално дозволениот рок за оваа фаза од постапката.

Во меѓувреме, Кривичниот суд не го прифати барањето на Груби за враќање на пасошот, иако неговата одбрана понуди гаранција. Освен тоа, на поранешниот вицепремиер и понатаму му е изречена мерка за забрана за напуштање на Скопје додека трае судската постапка.

Артан Груби е еден од обвинетите во предметот „Државна лотарија“, во кој обвинителството го товари за злоупотреби поврзани со набавката на ВЛТ-апарати. Постапката против него продолжува пред надлежниот суд.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk