logo
logo
logo

ДИГИТАЛНА КАРТИЧКА ЗА СТУДЕНТИТЕ - Новост во јавниот превоз во Скопје

Vecer | 28.09.2026

ДИГИТАЛНА КАРТИЧКА ЗА СТУДЕНТИТЕ - Новост во јавниот превоз во Скопје

Барањето на студентите за поедноставно користење на бесплатниот јавен превоз добива конкретно решение, рече Љупчо Ристески, претседател на Градски комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, кој додаде дека со заложба на градоначалникот на Град Скопје и раководството на ЈСП, во завршна фаза се подготовките за воведување дигитална студентска превозна картичка.

Како што објасни, со нејзината примена, постапката што досега подразбираше одење на факултет по потврда, чекање пред шалтерите на ЈСП и носење хартиени документи, ќе се одвива дигитално.

„Ова е промена што студентите ја побараа и која заслужува да биде реализирана. Градското раководство ги слушна нивните потреби и пристапи кон решавање на една административна обврска што со години им одземаше време и енергија. Секој студент што чекал ред за потврда, па потоа уште еден ред за заверка на картичката, добро знае колку е потребна оваа промена. Особено на почетокот на академската година, кога треба да се организираат предавањата, вежбите и другите факултетски обврски. Време е институциите да го преземат својот дел од работата и меѓусебно да ги разменуваат податоците што веќе ги поседуваат“, рече Ристески.

Картичката се подготвува преку соработка меѓу ЈСП и ФИНКИ, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Мајка Тереза“.

Студентскиот статус ќе се потврдува преку автоматска синхронизација на податоците меѓу ЈСП и универзитетите. Со тоа се отстранува потребата студентите да доставуваат хартиени потврди и лично да одат на шалтер за заверка.

Дигиталната картичка ќе биде достапна преку апликацијата SkopjeBus. Студентите ќе добијат упатства на својата електронска адреса, ќе се најават со истата адреса што ја користат на универзитетот и ќе можат да ја активираат картичката. При патувањето ќе го користат QR-кодот од својот телефон за валидација во автобус.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk