КАВАДАРЦИ НЕ ЗАПИРА, добија и нова спортска сала какви што има малку во Македонија

Vecer | 27.10.2026

КАВАДАРЦИ НЕ ЗАПИРА, добија и нова спортска сала какви што има малку во Македонија

Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ во Кавадарци влегува во завршна фаза, а со инвестиција од 4.200.000 денари се создаваат современи и побезбедни услови за учениците и нивните спортски активности.

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, информираше дека градежните активности се одвиваат согласно предвидената динамика, а спортската сала постепено добива нов, модерен и функционален изглед.

Во рамки на реконструкцијата се поставува нов спортски под, се уредуваат ѕидните површини и се модернизира осветлувањето. Дополнително, се подобруваат системите за греење, вентилација и противпожарна заштита, со што значително ќе се унапредат условите за одржување на наставата по физичко образование.

Со реализацијата на овој проект, учениците ќе добијат поквалитетен простор за спорт, рекреација и развивање здрави животни навики, додека училиштето ќе располага со посовремена спортска инфраструктура.

Инвестицијата од 4,2 милиони денари е дел од активностите на Општина Кавадарци за подобрување на училишната и спортската инфраструктура, со посебен акцент на потребите на младите.

Градоначалникот Митко Јанчев истакна дека вложувањата во образованието и спортот продолжуваат, со цел создавање подобра училишна средина и повеќе можности за развој на учениците во Кавадарци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk