СЛЕДУВА УШТЕ ЕДЕН ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ ДЕН, ова се деталите за временската прогноза

Vecer | 05.08.2026

СЛЕДУВА УШТЕ ЕДЕН ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ ДЕН,  ова се деталите за временската прогноза
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Македонија ја очекува уште еден исклучително топол ден, со температури кои на повеќе места ќе се доближат до 40 степени. Иако поголемиот дел од денот ќе биде сончев, попладне во планинските предели ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринските температури ќе се движат од 11 до 22 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 39 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а температурата ќе се движи од 17 до 38 степени.

Според најавите на метеоролозите, периодот на многу топло време продолжува и во наредните денови.

Во делови од земјата дневната температура ќе достигне и до 40 степени, а во попладневните часови локално ќе се создава нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk