logo
logo
logo

Поразителни податоци за македонскиот наталитет - 30% НАМАЛЕН БРОЈОТ НА БЕБИЊА ЗА ЕДНА ДЕЦЕНИЈА

Vecer | 16.05.2026

Поразителни податоци за македонскиот наталитет - 30% НАМАЛЕН БРОЈОТ НА БЕБИЊА ЗА ЕДНА ДЕЦЕНИЈА

Изминатата година родени се 15.500 новороденчиња, што значи дека државава бележи значителен пад во природниот прираст, покажуваат најновите демографски податоци од 2025 година – истакна денеска проф. д-р Елена Џикова од Клиниката за гинекологија и акушерство и член на Управниот одбор на Македонската асоцијација на гинеколозите и опстетричарите – МАГО на одбележувањето на Неделата на женското здравје 2026.

Таа посочи дека ако се навратиме една деценија порано, кога бројот на новороденчиња бил приближно 23.000, може да се види дека имаме значително намалување од 30 отсто за овие десет години. Тоа, појасни таа, треба да биде аларм што ќе нè наведе да имаме поголема грижа кон жените и целокупна поддршка во женското репродуктивно и семејно здравје.

– Во услови кога природниот прираст во државата е во значително опаѓање, од особено значење се едукацијата и превенцијата на жените во сите фази од нивниот живот – од школските години, кога треба да научат како да го чуваат своето здравје, и особено во репродуктивниот период и периодот на бременост, кога тие се најранливи. Редовните акушерски прегледи во текот на бременост се многу важни бидејќи современата медицина нуди нови методи за предикција и превенција на разни компликации, кои може да се создадат и не само да се спречат туку и да се појават во поблага форма, со цел да се заштити здрвјето на мајката и новороденчето. Здравјето на жената е темел на секое општество и на секој дом и семејство, а новородечињата се и надеж за ново утре во нашата држава – додаде проф.д-р Џикова.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk