logo
logo
logo

60 ЗАКОНИ ЗА НОВА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА: Се комплетира правната рамка за реформата

Vecer | 27.09.2026

60 ЗАКОНИ ЗА НОВА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА: Се комплетира правната рамка за реформата

За целосно функционирање на новото законско решение за висока раководна служба потребно е усогласување на вкупно 60 други закони, информираше министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Минчев појасни дека најголемиот дел од оваа обврска е веќе завршен во Собранието преку пратеничка група.

Педесет закони се веќе усогласени, додека за преостанатите десет, за кои е потребно Бадентерово мнозинство, постапката ќе заврши на претстојните собраниски седници закажани за 1 и 7 октомври.

Со тоа, според министерот, целиот процес ќе биде заокружен навреме, овозможувајќи непречена примена на новиот систем за избор на раководни кадри во јавниот сектор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk