logo
logo
logo

Резил! ВЕНКО ПРЕД СТРАНЦИТЕ ЈА ШИРИ БУГАРСКАТА ВИСТИНА ЗА МАКЕДОНИЈА

Vecer | 25.09.2026

Резил! ВЕНКО ПРЕД СТРАНЦИТЕ ЈА ШИРИ БУГАРСКАТА ВИСТИНА ЗА МАКЕДОНИЈА

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче не пропушта шанса на странците да им презентира лажни вести и црни сценарија за Македонија. И на денешната дежа-ви средба со делегацијата од Сенатот на Француската Република, Филипче во свој стил изрази наводна сериозна загриженост за евроинтегративниот пат на Македонија и за начинот на кој Владата го води процесот, „случајно“ од збор до збор делејќи го идентичниот вокабулар со официјална Софија. Филипче во СДС-манир, народски кажано искодоши дека лошите политики на Владата во повеќе клучни области веќе демек биле нотирани и во извештаите на Европската комисија, особено во делот на владеењето на правото, правосудството и медиумскиот плурализам, се вели во соопштението од СДС која го пренесе интегрално неговиот пробугарски настап пред Французите.

-Лично многу загрижен за евроинтегративниот пат на земјата и за перформансот кој што оваа Влада го има во изминатиот период во неколку сфери. И тоа е перформанс на кој што забелешки имаат дадено европските институции, влезени се забелешки во репортите на Европската Комисија во неколку важни сфери“, им рекол на сенаторите Филипче.

Тој во улога на бугарски портпарол им пренел на сенаторите од Франција дека особено го загрижувала состојбата со владеењето на правото, особено во однос на јавно мешање и притисок врз судството и обвинителството од страна на премиерот. Не кажал дека причината заради која буквално неможе да спие се однесува на случаите Модуларна болница, Мазут, Љупче и пченицата од државни резерви, марихуана, РЕК Битола, Лотарија и сите други поврзани со него и СДС челници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk