logo
logo
logo

МАКЕДОНИЈА ПРОГЛАСЕНА ЗА ФАВОРИТ - „Полимаркет“ ги објави проценките

Vecer | 24.09.2026

МАКЕДОНИЈА ПРОГЛАСЕНА ЗА ФАВОРИТ - „Полимаркет“ ги објави проценките

Македонија е меѓу фаворитите за победа на Јуниорска Евровизија 2026 според Полимаркет.

Според најновите податоци од платформата за предвидувања Полимаркет, Македонија се наоѓа на високото второ место во обложувањето за победник на Јуниорскиот натпревар за песна на Евровизија 2026.

Моменталните проценки покажуваат дека Украина води со 22 проценти шанси за победа. Веднаш зад неа е Македонија со 20,3 проценти. Франција и Кипар ги делат третото и четвртото место со по 19,2 проценти.

Графикот на Полимаркет покажува дека шансите на Македонија значително пораснале во последно време, особено во споредба со претходните периоди кога процентите биле значително пониски. Оваа близина меѓу првите четири земји укажува на непредвидлива трка за титулата.

Јуниорската Евровизија 2026 сè уште не ги објавила сите учесници и песни, но раното позиционирање на Македонија на оваа платформа веќе предизвикува интерес кај љубителите на натпреварот. Полимаркет ги одразува проценките на корисниците кои вложуваат вистински пари во своите предвидувања, поради што овие бројки често се следат како показател за можниот исход.

Останува да се види дали Македонија ќе ја задржи или ќе ја подобри оваа позиција како што ќе се приближува натпреварот.

Песната со која на спектаклот ќе биде претставена нашата земја можете да ја погленете ТУКА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk