logo
logo
logo

11 издание на филмскиот фестивал „Киненова“

Vecer | 14.10.2026

11 издание на филмскиот фестивал „Киненова“

Се крена фестивалската завеса од Единаесеттото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар ќе со српската драма „3 недели потоа“ на Мирослав Терзиќ.Пред долгометражниот филм се прикажа и краткиот „Никој ништо не кажа“ на Тамара Тодоровиќ, а главниот фестивалски дел во Скопје трае до 17 октомври. Официјалните фестивалски датуми се од 14 до 17 октомври, иако дел од придружната програма започна еден ден порано, на 13 октомври, со мастерклас на монтажерот Озкан Вардар и програмата „Драма Филм Фестивал патува на КИНЕНОВА 2026“. Целосниот распоред е достапен во официјалната програма на „Киненова“.

Фестивалскиот директор Небојша Јовановиќ вели дека ова е можност и прилика за новите филмаџии.Во продолжение изјавата на Јовановиќ за Вечер:

— Во 2015 дојде идејата, а првиот, првото издание го реализиравме во 2016 година. А, идејата се роди спонтано, меѓутоа со јасна визија. Инаку, јас сум исто така режисер и го знам патот колку е тежок за пробивање на еден филмски автор и за создавање на едно филмско дело кога што е колективен труд и колку тоа изискува работа и на крајот своја промоција, пласман пред публиката. Тоа е еден цел круг. Така што, јас ја знам важноста на еден филмски фестивал и колку е важно да младите автори имаат свој простор каде да се изразат, односно каде да ги пласираат своите филмови. Така што, тоа беше основната идеја и главниот концепт по кој што се издвојува и фестивалот и во земјава и во регионот.

— Што всушност го разликува "Киненова"?

— Да, "Киненова" е комплетно различен фестивал бидејќи фокусот е на младите режисери, на новите режисери од целиот свет. Ние прикажуваме во главната програма први или втори филмови, велиме првите филмови на новите автори, што е исклучително тешко, нели, да најдете добри филмови, добар филм од новата генерација. Мислам тешко е, но од друга страна и убаво бидејќи сепак новата генерација филмски автори твори многу. Постои голема светска продукција во светот и ете ние ги носиме всушност новите автори, ги промовираме. Вакви фестивали се многу ретки во светот, една петнаесеттина од овој ранг на фестивали, како што се солунскиот фестивал, фестивалот во Сан Себастијан, Бусан итн. Значи, не се многу. И тоа е уникатното. Исто така, ги прикажуваме, ги откриваме првите филмови на новите потврдени автори коишто ни доаѓаат, ги откриваме нивните почетоци. И најчесто се тоа, знаете, храбри филмови по многу нешта оригинални.

И ете тоа е карактеристиката. Меѓутоа, и покрај ова, ние имаме аа секоја година наградуваме еден потврден светски автор. Големи автори поминаа низ "Киненова" годиниве и навистина тоа го потврдува квалитетот и реномето на овој настан и сериозноста. Меѓу другите, нели беа и регионални ѕвезди како Аница Добра, Мира Фурлан, потоа светски имиња како Улрих Зајдел, Улрих Зајдел кој што е еден од значајните унгарски режисери, Улрих Зајдел кој што е еден од значајните австриски автори, што потврдува исто колку им значи нивното присуство на овој фестивал. Оваа година го имаме како лауреат турскиот светски филмски автор кој што е претставник на токму потентната и познатата на широко познатата турска кинематографија. Така што тој е добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност, награда која што по традиција ја доделуваме секоја година.

— Кои се неговите впечатоци? Чинам дека прв пат доаѓа во Скопје?

— Да, има дојдено кратко претходно, а меѓутоа, да, ова е на подолг престој и мислам дека е одушевен имаше и туристичка тура и за културното наследство и секако му значи ова целото внимание од неговите колеги тука како и од фестивалот.

— Можеби има некаква инспирација и да направи некоја серија во однос со тематика од Македонија? Дали разговаравте на таа тема да дојде овде да снима?

— Разговаравме, да, сфатив дека има режирано и турски серијали така што веројатно, значи сè повеќе се интересира за за Македонија, ако знае делумно, значи сè повеќе се интересира за нашата земја, култура и историја и тоа е можеби прв чекор кон такво нешто, поентира Јовановиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk