logo
logo
logo

Во еден ден ДВЕ КОНТРОЛИ, 12 МИГРАНТИ! Петмина откриени во Тетово, седум во Скопје

Vecer | 30.09.2026

Во еден ден ДВЕ КОНТРОЛИ, 12 МИГРАНТИ! Петмина откриени во Тетово, седум во Скопје

Царински службеници од Царинарница Скопје во еден ден открија 12 илегални мигранти со потекло од Египет и Судан, при контрола на стока пријавена за увозно царинење во две различни испостави.

Во царински терминал во Тетово, царинските службеници уште пред да извршат контрола на камионот се посомневале за можно присуство на илегални мигранти, поради што повикале асистенција од МВР по што во товарниот дел се откриени пет илегални мигранти.

По само два часа, во царинскиот терминал Скопје 3 при контрола на стоката пријавена за увозно царинење откриени се седум илегални мигранти.

Мигрантите се предадени на Министерството за внатрешни работи.

- Согласно последните податоци на Фронтекс, илегалната миграција преку западнобалканската рута забележува пад од 42 проценти. Овие бројки покажуваат дека соработката дава резултати, но наша одговорност е да останеме будни и да бидеме подготвени за новите предизвици, велат од Царинската управа. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk