logo
logo
logo

ОБВИНЕНИЕ ЗА АДВОКАТОТ ФЕХМИ СТАФА КОЈ БЕШЕ ФАТЕН СО МИТО од 50.000 евра од Ѓаволот

Vecer | 20.03.2026

ОБВИНЕНИЕ ЗА АДВОКАТОТ ФЕХМИ СТАФА КОЈ БЕШЕ ФАТЕН СО МИТО од 50.000 евра од Ѓаволот

По спроведена сеопфатна истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд поднесе обвинителен акт против адвокатот и поранешен државен правобранител, Фехми Стафа, за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание.

Стафа во декември беше уапсен додека прима 50.000 евра, кои требало да му ги даде на судија од скопска Апелација.

„Според обвинителниот акт, обвинетиот во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, со намера да прибави противправна имотна корист, примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание со цел да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и преку давање поткуп да влијае за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши“, пишува во соопштението од ОЈО ГОКК.

Стафа му беше адвокат на Љупчо Пецов - Ѓаволот, а парите со кои беше фатен Стафа наводно треало да му бидат исплатени на судијата од Скопскиот апелациски суд, Ѓоко Ристов. Судијата Ристов беше уапсен во јануари, кога истражителите открија 350.000 евра соѕидани во ѕид од кујната во куќата на неговите родители. Тој беше испратен во куќен притвор, а Стафа по апсењето е во ефективен притвор и ОЈО ГОКК бара продолжување на мерката. Во домашен притвор е и Ѓаволот ком му се суди за предметот „Синџир“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk