logo
logo
logo

НОВА ПАНИКА МЕЃУ СТОЧАРИТЕ, УНИШТЕНИ 2700 МАЛИ ПРЕЖИВАРИ ПОРАДИ СИПАНИЦИ

Vecer | 24.07.2026

НОВА ПАНИКА МЕЃУ СТОЧАРИТЕ, УНИШТЕНИ 2700 МАЛИ ПРЕЖИВАРИ ПОРАДИ СИПАНИЦИ

Членови на Управниот одбор на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“ денеска ќе одржат средба со претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) поради појавата на сипаници кај малите преживари.

Средбата е закажана за 13 часот, а по неа, во 14:15 часот, пред АХВ изјава ќе даде претседателот на Сојузот, Насер Џемаили.

Според податоците на АХВ објавени на 16 јули, кога се одржа работната средба со претставниците на здруженијата на одгледувачите на овци и Сојузот на одгледувачите на овци на Македонија, од почетокот на овој месец на територијата на Македонија се потврдени 10 нови жаришта на сипаници кај овци и кози: во населеното место Саса, општина Македонска Каменица, во селото Соколарци, општина Чешиново – Облешево, во селото Бигла, општина Делчево, во селата Малино и Косевица, општина Свети Николе, како и во селото Сопот, општина Куманово. Болеста е потврдена во 15 одгледувачници на овци и 2 одгледувачници на овци и кози. Досега, поради појавата на сипаници кај овците во земјава, уништени се околу 2.700 грла.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk