Невладина организација од Македонија е ставена на листата актери кои се поврзани со терористички организации.
Листата е направена од Египет, а меѓу 35-те има и една од Македонија.
-Египет стави 35 исламистички организации, поврзани со Европа, на својата листа на терористички организации. Муслиманските земји сега воведуваат санкции против европски субјекти поради тоа што се премногу екстремни, пишува во објавата.
Станува збор за Islamic Youth Association. Организацијата е наведена и како членка на FEMYSO (Forum of European Muslim Youth and Student Organisations), европска мрежа на младински и студентски муслимански организации.
Меѓу останатите организации опфатени со судската одлука се Советот на муслиманите во Европа, Исламската асоцијација во Велика Британија, Лигата на муслиманите во Швајцарија, Исламската заедница во Германија, Европскиот совет за фетви и истражувања, Европскиот совет на имами и Европскиот институт за хуманистички науки.
Во досега објавените информации нема посебно образложение за македонската организација, ниту се наведени конкретни докази за нејзина наводна поврзаност со терористички активности. Не се објавени ниту детали за причините поради кои таа е вклучена во списокот.
Извор: Mena.org
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата