logo
logo
logo

Кожувчанка не дозволува да се валка нивниот углед. Секогаш помагале, и ќе помагаат

Vecer | 05.08.2026

Кожувчанка не дозволува да се валка нивниот углед. Секогаш помагале, и ќе помагаат

Како општествено одговорна компанија на која здравјето и квалитетот на животот на нашите

сограѓани од цела Македонија ни се приоритет пред профитот, со индигнација ги отфрламе

безочните манипулации на опозициската СДСМ.

Во име на вистината тврдиме дека учествувавме на јавниот повик на службите на Владата, за

набавка на флаширана вода за потребите на Општина Гостивар, при што нашата компанија

Кожувчанка од Кавадарци се пријави со понуда од 12,5 денари по шише, цена која е

значително пониска од редовната продажна цена на производот која изнесува 25 денари.

Разликата помеѓу редовната продажна цена и понудената цена за оваа набавка компанијата

целосно ја презема на свој товар, како наш гест на општествена одговорност, солидарност и

филантропија.

Кожувчанка гарантира дека предметната количина на вода ќе биде бесплатно транспортирана

до Општината Гостивар, а се’ со единствена цел навремено да им се помогне на граѓаните во

услови кога тоа е им најпотребно.

Уверени сме дека во вакви околности, најголемата корпоративна вредност не смее да биде

профитот, туку солидарноста и поддршката на заедницата. Како домашна компанија,

Кожувчанка и понатаму ќе остане посветена на својата општествена улога и ќе продолжи да

помага таму каде што помошта е најнеопходна

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk