Присуството на фекалии во водоснабдувањето претставува сериозна закана по здравјето а доколку притоа постои (не)намерна грешка кај поединци или тие кои го управуваат системот тоа е и сериозно кривично дело.
Загадувањето најчесто се јавува поради пукнати канализациски цевки во близина на водоводните инсталации или пад на притисокот во мрежата, што доведува до вшмукување (вакуум) на отпадните води. Фекалијата содржи бактерии (како што е E. coli), вируси и паразити. Консумирањето на таква вода предизвикува тешки цревни инфекции, дијареја, повраќање и дехидратација.
Неофицијално: Во два од четирите испитани примероци од водата во Гостивар пронајдени фекални колиформни бактерии, во еден примерок и зголемено присуство на хлор
Според неофицијални информации до кои дојдовме, извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека од четирите испитани примероци на вода, во два се пронајдени фекални колиформни бактерии, а во еден примерок е утврдено и зголемено присуство на хлор.
Доколку овие наоди бидат потврдени, тие отвораат сериозни прашања за начинот на кој се управувало со водоводниот систем во Гостивар под надлежност на општината.
Според информациите со кои располагаме, една од насоките што ја испитуваат надлежните институции е можноста до водоводната мрежа да дошло до навлегување на фекално загадување, по што било извршено дополнително хлорирање на водата.
Извештајот на ИЈЗ е поднесен до обвинителството кое е на потег.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата