logo
logo
logo

„m.Uslugi“ пристигнува во октомври - ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА НА МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН

Vecer | 22.09.2026

„m.Uslugi“ пристигнува во октомври - ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА НА МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН

Мобилната апликација м.Услуги (m.Uslugi), е национална дигитална платформа преку која граѓаните можат да ги имаат своите лични документи и државни услуги директно на своите мобилни телефони. Ќе се промовира следниот месец, а министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека е свесен оти овој процес ќе трае.

- Јас сум свесен дека овој процес ќе трае. Но, наша задача како Министерство за дигитална трансформација е да ги отвораме овие теми, да ги наметнуваме, а граѓаните со користењето ќе ги насочат сите институции да ги прифаќаат - вели Андоновски во интервју за „360 степени“.

Јас не велам, додава тој, оти Министерството за внатрешни работи ќе ги прифаќа дигиталните лични карти и возачките дозволи уште од првиот ден на нивната употреба, бидејќи тие треба да бидат технолошки подготвени за да можат да ги прифаќаат, но сигурен сум дека и тие поминувајќи низ процесот на трансформација ќе го сторат тоа за брзо време.

Најави дека промовирањето на, како што ја нарекува, суперапликацијата „m.Uslugi“ ќе биде кон крајот на октомври и сподели примери од Полска каде апликацијата две години се користела исклучиво за влез во дискотеки, ноќни клубови, купување алкохол или за аплицирање за возачка дозвола, што значи дека приватниот сектор прв ја прифатил апликацијата, а дури потоа реагирале и тамошните јавни институции.

Неговите очекувања се сите институции во кои законите не бараат изречно фотокопија од лични карти или од изводи, да започнат со прифаќање на дигиталните лични карти и возачки дозволи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk