logo
logo
logo

КОРИДОРОТ 8 ЌЕ ЈА ПОВРЗЕ МАКЕДОНИЈА СО АЛБАНИЈА И СО ЕВРОПА

Vecer | 30.08.2025

КОРИДОРОТ 8 ЌЕ ЈА ПОВРЗЕ МАКЕДОНИЈА СО АЛБАНИЈА И СО ЕВРОПА

Владата, предводена од коалицијата Вреди, преку Министерството за транспорт, започнува нова фаза во изградбата на Железничкиот коридор 8 – проект со национална димензија и регионално значење. Со одлука на Владата, одобрен е грант од 3,7 милиони евра обезбеден од Европската инвестициска банка, информираше Вреди преку соопштение.

„Средствата се наменети за подготовка на нова проектна документација и спроведување на постапка за тендерирање. Паралелно, Јавното претпријатие за железничка инфраструктура ја започна и постапката за избор на надзор на изградбата, со цел да се гарантира транспарентност и ефикасност во процесот“, се вели во соопштението.

Заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, истакна дека министерството е целосно посветено на унапредување на железничките проекти, оценувајќи ги како клучни столбови за економски развој, регионална соработка и национална интеграција.

Коридорот 8, кој треба да ја поврзе Македонија со Албанија – од Скопје до Тирана и пристаништето Драч – е дел од европските транспортни коридори и има потенцијал да ја позиционира земјата како важен транзитен центар на Балканот. Проектот, според Владата, претставува повеќе од инфраструктурна инвестиција – тој е симбол на економско поврзување, регионално единство и зајакнување на позицијата на Албанците во регионот.

„Железничките линии не се само линии на мапа, тие се артерии на развој кои ќе го поттикнуваат напредокот на граѓаните и на целата земја со децении“, порачуваат од Вреди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk