logo
logo
logo

Таравари: 118 повредени од пожарот, сите се згрижени, има доволно крвни единици

Vecer | 16.03.2025

Таравари: 118 повредени од пожарот, сите се згрижени, има доволно крвни единици

118 се повредени, нема пациент што не е згрижен, изјави утринава министерот за здравство Арбен Таравари, по трагичниот настан во Кочани каде што во дискотека во Кочани утринава во 3 часот изби пожар во кој загинаа 51 лице и стотина се повредени.

На прашањето колку се во критична состојба рече дека не би сакал да шпекулира.

-Одиме на хирургија да добиеме информации, кажа Таравари.

Тој рече дека добил и повик од министерот за здравство на Бугарија за да понуди помош, но Таравари кажа дека засега нема потреба од странска помош.

Имаме доволно крвни единици и засега нема потреба од дополнителни, кажа Таравари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk