logo
logo
logo

СЕ СТЕГА ОБРАЧОТ ОКОЛУ БЕГСТВОТО НА ИВА, Мицкоски со детали за случајот

Vecer | 15.10.2026

СЕ СТЕГА ОБРАЧОТ ОКОЛУ БЕГСТВОТО НА ИВА, Мицкоски со детали за случајот

Премиерот Христијан Мицкоски остро ги демантираше тврдењата на бугарските медиуми за наводно „регуларното“ преминување на границата на бегалката Ива Михајлова и нејзиниот адвокат, потврдувајќи дека таа била илегално префрлена во соседна Бугарија.

Мицкоски нагласи дека тврдењата оти тие поминале на регуларен граничен премин каде што биле поздравувани се обична лага и пропаганда, откривајќи нови детали од истрагата на македонските безбедносни служби.

– „Апсолутно е невистина тоа што го емитуваа бугарските медиуми, дека заедно со нејзиниот адвокат поминале на регуларен граничен премин и дека биле поздравувани. Тоа е лага. Второ, последен пат откако имаме евидентирано, а е потврдено и од бугарската страна, е дека адвокатот влегол на 28 септември, а не е точно тоа што тој го тврдеше. Иако станува збор за личност со сомнително минато, сакам овие работи да ги знае јавноста“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот потврди дека Министерството за внатрешни работи веќе ја води истрагата за да ги открие сите канали и лица што помогнале во нелегалното префрлање преку границата.

– „Исто така можам да потврдам дека на нелегален начин е пренесена во Бугарија. МВР истражува и ќе дојдеме до сознанија на кој начин е однесена. И родителот, којшто треба да одговара пред македонските власти, и Ива, којашто треба да ја докажува својата невиност, ќе одговараат“, порача децидно Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk