logo
logo
logo

НЕДЕЛАВА ЌЕ ВЕ ПОТСЕТИ КАКОВ МЕСЕЦ Е МАРТ, а од школо знаеме дека не може да му се верува

Vecer | 16.03.2026

НЕДЕЛАВА ЌЕ ВЕ ПОТСЕТИ КАКОВ МЕСЕЦ Е МАРТ, а од школо знаеме дека не може да му се верува

По топлите и сончеви денови, Македонија од утре, вторник 17 март, ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско Море. Овој ладен циклон ќе донесе повеќе облачност, повремени локални врнежи од дожд, кои на моменти ќе бидат пообилни, проследени со повремено засилен ветер од југоисточен, а во западните предели од североисточен правец.

Поради пониските температури, на планините и во скијачките центри се очекуваат врнежи од снег и формирање снежна покривка. Снежната граница повремено ќе се спушта и под 1.000 метри надморска височина, што значи дека повремени врнежи од снег ќе има и во повисоките населени места и во дел од градовите, особено во западните и северните региони.

Во Скопје и околината се очекува повеќе облачност и повремени врнежи од дожд, додека на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Температурите значително ќе се намалат, а ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.

Овој период на зимски времenski услови ќе трае до претпладне на петок, 20 март.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk