Преку Центарот за побезбеден интернет веќе се работи на заштита на децата

МАКЕДОНИЈА НЕ ПЛАНИРА РАДИКАЛНИ ЗАБРАНИ ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ЗА ДЕЦА

Vecer | 11.12.2025

МАКЕДОНИЈА НЕ ПЛАНИРА РАДИКАЛНИ ЗАБРАНИ ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ЗА ДЕЦА
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Македонија засега не планира радикални забрани како австралискиот модел за ограничување на социјалните мрежи за деца, но прашањето е разгледувано, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, одговарајќи на прашањето дали Македонија планира да го следи примерот на Австралија, која прва воведе закон за забрана на социјални мрежи за деца под 16 години.

– Секоја забрана, треба да бидете свесни како ќе ја донесете, ќе има два ефекта. Ако не успеете да ја имплементирате до крај, таа ќе придонесе некои да се снаоѓаат, а некои да излезат целосно од контрола. Второ е елементот дали општеството е подготвено за таков радикален чекор – нагласи Андоновски.

Според него, решението е во едукација и работа со родителите, да ја насочат употребата на мобилните телефони кај децата кон работи кои се корисни, а не кон натпревари или содржини што одземаат премногу време без никаква корист.

Прашан за личниот став за австралискиот закон, Андоновски рече дека доколку успеат да го имплементираат тоа правило до крај, можеби ќе има позитивен ефект.

– Моето очекување е дека нема да успее проектот целосно, затоа што првите најави веќе покажуваат дека се наоѓаат начини преку технички уреди и врски да се заобиколат забраните – истакна Андоновски.

Тој потсети дека во земјава преку Центарот за побезбеден интернет веќе се работи на заштита на децата.

– Секој социјален медиум има граница за под 16 години. Ако родителите го имплементираат тоа кај своите деца, тогаш децата нема да имаат пристап до алгоритми и содржини кои се штетни за нив. Ако тоа не го прават родителите, многу е потешко државата да се меша во слободниот избор на секој граѓанин и семејство и да одлучува што смеат, а што не смеат – појасни министерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk