logo
logo
logo

Приоритет за нас остануваат ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА

Vecer | 22.05.2026

Приоритет за нас остануваат ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА

Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија, рече претседателката Гордана Силјановска Давкова коментирајќи го ставот на бугарската страна, што го пренесоа дел од медиумите, искажан денеска на првата средба на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски со неговата бугарска колешка Велислава Петрова.

Претседателката Силјановска Давкова посочи дека на последниот попис во Бугарија имало речиси ист број регистрирани Македонци како кај нас Бугари.

– Мене ме чуди, посочи таа, зошто 1.350 луѓе кои зборуваат бугарски, така се изјасниле, би заслужувале промена на Уставот и уставен статус, а исто толкав број Македонци, и покрај дваесетината пресуди и покрај одлуката на Обединетите Нации во Комитетот за правата, не заслужуваат такво нешто – истакна таа.

Силјановска давкова нагласи дека зборува за бројка од 1.350, оти, подвлече, „она врзано со чувствата не го разбира“.

Правнички можете да стекнете државјанство само на три начини: преку родители, преку раѓање или со натурализација“ . Четвртиот, бугарскиот, е непознат. Бидејќи тоа значи да изразите на лист хартија чувства дека не само вие имате бугарски чувства, туку и вашите имале. Значи, државјанство преку родители може да добиете ако вашиот родител бил државјанин на Бугарија или ако живеел и се родил во Бугарија. Е како сега таа бројка од која секогаш се шокираат Европјаните, бидејќи велат дека влегуваат илегално луѓе или преку вакви државјанства, не е зачудена – рече Силјановска Давкова.

Таа рече дека Бугарија не го признава македонскиот јазик.

Многу чудно е што во одговорот на Комитетот за министри, којшто бара од Бугарија признавање на тој факт од 1.320 мислам беше, иако јасно ни е дека таа бројка е фиктивна, дека далеку повеќе има, одговараат бугарската министерка, претседател, премиер дека бројот е занемарлив и апсолутно нема потреба од вклучување на Македонците во телото за заштита на малцинствата, ниту пак од уживање на статусот којшто го имаат останатите. И па сега мене ме чуди, зошто 1.350 луѓе кои зборуваат бугарски, така се изјасниле, би заслужувале промена на Уставот и уставен статус, а исто толкав број Македонци, и покрај дваесетината пресуди и покрај одлуката на Обединетите Нации во Комитетот за правата, не заслужуваат такво нешто. Згора, колку е логично некој да вели дека вие не постоите, не ве признава, онаа теза што ја слушам дека „јазикот е признат“. Не е точно дека е признат. Во секој документ стои под фуснота дека Бугарија не го признава македонскиот јазик – рече шефицата на државата.

Според неа, македонски граѓани бараат пасоши и во други држави, не се откажуваат од македонското државјанство, секогаш првото е примарно, туку одат од економски причини. За тоа што голем број македонски граѓани имаат бугарски пасоши, вели дека вина имаме како држава.

Да, имаме вина. Јас на нашите научници, професори, студенти во Словенија им се извинив што не ги сме ги препознале нивните квалитети, а Словенија тоа го сторила и станала нивна втора држава, како што викам јас. Голема одговорност имаме и сериозно треба да размислиме за најдобрите, најевропските, оти тие се секаде посакувани, а најмногу во соседството – рече таа.

Македонското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека Муцунски на средбата со Петрова ја нагласил потребата од изнаоѓање решение за билатералното прашање, кое го кочи процесот на отворање преговори со Европската Унија, потврдувајќи ги позициите на Владата и укажувајќи дека темите поврзани со македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори.

– Министерот Муцунски го отвори и прашањето за почитувањето на правата на македонското малцинство во Бугарија, нагласувајќи ја потребата од доследно спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, соопшти МНР НТ, посочувајќи дека посебен акцент бил ставен на значењето на Коридор 8 и потребата од забрзување на активностите поврзани со отворањето на граничниот премин „Клепало“, како важен дел од регионалната инфраструктурна и економска поврзаност.

Муцунски и Петрова имаа средба на маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, пренесе МИА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk